Бес и незадоволство кај децата, како да се справите ?

0
cry Бес и презентација на незадоволство кај децата во раната возраст е еквивалентно со бура во лето - неочекувано и понекогаш жестоко. Децата на возраст помеѓу 1 и 3 години се склони кон искажување незадоволство со ненадејно плачење , фрлање на предмети и врескање на целиот глас, зошто ? Најчесто ова не се исповетува со манипулативно однесување, децата на оваа возраст не знаат како да се справат со фрустрациите во одредени моменти и доживуваат емотивна криза која е проследена во врескање, удирање по предмети и плачење на целиот глас. Бебињата почнуваат да разбираат  многу повеќе од зборовите отколку што можат да кажат,  нивната способност да се искажат е многу мала. Кога вашето дете не може да се изрази како се чувствува  или да објасни што сака, фрустрацијата расте.

Како да се справите во вакви ситуации ?

  1. Не губете конторла ! Незадоволството и бесот и се што следува со него ( удирање, задржување на здивот додека плаче, фрлање на предмети и сл.)  кај вашето дете секако не е убава глетка. Меѓутоа се ова е нормално кај децата на таа возраст. Кога децата се наоѓаат во ваква состојба, способни се да слушаат тоа што им се зборува но секогаш одговараат негативно. Во ваква ситуација не е потребно е да го покачувате тонот, едноставно седнете до детето и бидете со него додека не помине бесот и плачењето. Не го оставајте детето само да се справува со бурата од емоции што ја доживува, децата незнаат како да се справат и целата состојба за нив е застрашувачка.
  2. Запомнете вие сте возрасниот. Без оглед колку долго трае бурата од емоции кај детето, не се предавајте на неразумни барања од ваша страна со повишен тон само за да ја запрете драмата во јавност. Не грижете се што мислат другите - сите што имаат деца го поминале истото.
  3. Користете тајм-аут повремено. Со ова можете да им помогнете на децата полесно да се справуваат со своите емоции. Кога детето е бесно и плаче до тој степен да неможете да го смирите со ништо друго, оваа техника многу ќе ви помогне. Однесете го детето во тивка просторија, каде што нема никаква забава и оставете го да седи 1 минута. Ова може да биде добра лекција за само-смирување. Објаснете му на детето зошто треба таму да остане, "кажете му дека вие сте веднаш во соседната соба и тука сте ако сте му потребни, треба да се смири а така најдобро ќе успее да се смири".
    momchild
  4. Дајте му на дознаење на детето дека го сакате и се грижите. Откако вашето дете ќе се смири и ќе добиете шанса да разговарате со него за неговата емотивна бура, прегрнете го и кажете му дека го сакате. Важно е доброто однесување да се награди вклучувајки го и тоа кога детето ќе успее да се смири и да разговара со вас.
         

Остави коментар