Билки-Прочистувачи на воздух

0
Што имаат заедничко вашата дневна соба и вселенската станица на NASA? За жал, одговорот е воздух со лош квалитет.  Загадувачите на воздух во затворени простории се рангирани во топ 5 фактори кои директно влијаат на здравјето кај луѓето. Застојаниот воздух, синтетичките градежни материјали, бојата на ѕидовите и средствата за чистење кои ги користиме емитуваат токсични состојки кои се задржуваат во воздухот кој го дишеме.Како резултат на ова, воздухот во затворени простории дава услови за задржување на бактерии, полен и влага, а знаеме колку истите имаат импакт врз нашиот секојдневен живот. Покрај секојдневното проветрување и користењето на неабразивни средства за чистење, домашните билки можат значително да го подобрат квалитетот на воздухот во нашите домови. Еве ги најдобрите природни прочистувачи на воздух, лесни за одржување и супер декоративни:

12637280_10208089832825373_1146464261_o Хризантема (Chrysanthemum morifolium) 

Во едно истражување на NASA, хризантемата е прогласена за шампион во филтрирање на воздух. Го филтрира бензенот, формалдехидот и амониумот од застојаниот воздух, исклучително лесна за одржување и широко распространета. Се чува во домашни услови, а одлично успева и во градини и дворови. 12606941_10208089838465514_776279925_n

Дракаена (Dracaena spp.)

Постојат повеќе од 40 видови на Дракаена. Лесна за одржување, сака осветлени простории а воздухот го прочистува од формалдехид, трихлороетилен и бензен. Внимавајте доколку имате домашни миленичиња – Дракаената е токсична за нив.

12596132_10208089849345786_1132399169_n

Фикус (Ficus Benjamina)

Лесно одржлив и декоративен, ќе го исполни вашиот простор со свежина, и ќе го отстрани формалдехидот и трихлороетиленот.

12607365_10208089863586142_1974588086_n

Папрат (Nephrolepis exaltata)

Ова растение бара доста влага и светлина, па ако одлучите да го одгледувате ќе треба редовно да го попрскувате со вода. За возврат ќе добиете воздух прочистен од амониум, бензен и формалдехид.

 

Остави коментар