Вегетеријански ќофтиња

0
Yellow-Split-Pea-and-Millet-Cakes-with-Carrot-Miso-Sauce-10Потребни состојки :
  • 1 китка магдонос
  • 1 портокал
  • 2 чаши сварено просо( киноа или кус кус)
  • 1 јајце
  • 1/2 чаша хопла
  • 2 супени лажици лебни трошки
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • сол и црн бибер по желба
  Исецкајте го магдоносот и ставете го во сад. 1/4 од кората на портокалот обарете ја кратко (1 минута) во малку солена вода за да омекне, потоа исецкајте ја на долги и тенки резанки и потоа додадете ги впо садот со магдоносот. Просото (киноата или кус кус), јајцето, хоплата и лебните трошки се ставаат во еден сад и се мешаат со кората од портокал и магдонос. Се зачинува по желба со сол и бибер. Кога смесата ќе стане хомогена, намрсете ги рацете со масло и направете од смесата мали ќофтиња, осигурајте се да бидат цврсти за да не се раздвојат при пржењето. Во загреана тава на средна температура, испржете ги ќофтињата од двете сттрани за да добијат златно жолта боја.
Добар Апетит !
 

Остави коментар