Ве мачи сувата кожа на телото ? – Прочитајте кои хранливи материи ви се потребни

0
Сувата кожа носи непријатности. Оваа состојба вообичаено е поради лошиот баланс на вода во телото, недостаток на есенцијални масни киселини или Витамин А. Исхраната игра важна улога во третманот против сувата кожа. Најважно е да запомните дека минималнотот препорачано количество на вода изнесува 1 литар дневно. Внесот на свежо овошје и зеленчук на дневно ниво помага при хидратација на телотот бидејќи овошјето и зеленчукот содржат голем процент на вода. woman-drinking-glass-of-water-with-eyes-closed Маслата богати со Витамин А, Д и Е се екстремно ефективни кога се аплицираат на сува кожа. Кој витамини ви се потребни за да одржите вантрешен баланс?
  • Витамин А - го контролира нивото на кератин (протеин кој ги заштитува епителните клетки) во кожата, одржувајки ја мека.
  • Пантотенска киселина - стимулира клеточен раст.
  • Витамин Ц - потребен е за создавање на колаген во телото.
  • Витамин Е - ги превенира штетите создадени од слободните радикали и оштетената флексибилност на колагенот.
  • Витамин Д - од големо значење за здравјето на кожата од секој аспект.
  • Биотин - потребен е за продукција на масни кислини кои се важни за здрава кожа.
Кој минерали треба да не ги изоставувате ?
  • Бакар - потребен е за создавање на колаген.
  • Селен - антиоксидант (се грижи слободните радикали безбедно да бидат исфрлени од телото).
  • Цинк - помага за создавање на нови клетки на кожата.
eat-your-veggies Која храна да ја одберете?
  • Моркови
  • Црн дроб
  • Сардини
  • Школки
  • Семки од сончоглед
  • Семки од тиква
  • Свежо овошје и зеленчук
  • Благ компир - Батат
  • Кикирики
feature-image-69 Која храна да ја одбегнувате? Сите знаеме за несаканите ефекти од пржената храна, алкохолот и цигарите. Меѓутоа кожата е филтер на целото тело и поради ова кожата е и нај осетливиот орган од сите органи во телото. Сите оштетувања - внатрешни и надворешни имаат дирекно влијание врз кожата. Останати хранливи материи кои се потребни за здрава кожа :
  • Омега 3 - рибиното масло превенира сушење на клетките.
  • Омега 6 - мастите помагаат за изградба на клеточните мембрани.
  • Биофлавоноиди - ја подобрува функцијата на Витаминот Ц.
Негувајте ја својата кожа, со сите овие факти кои погоре ги набројавме исто така ќе превенирате прерано стареење на кожата и ќе го одржите нејзиниот баланс.

 

Остави коментар