Витамин Б5 – Што не сме знаеле до сега?

0
Витамин Б5 или Pantothenic acid во изминатите години стана многу популарен суплемент поради неговата моќ на подобрување на имуниот систем кај човекот. Исто така го зголемува нивото на енергија и го намалува стресот. Овој витамин е присутен во голем дел од храната меѓутоа Б5 лесно се губи при процесирање на храната и нејзино термичко обработување. Поради тоа голем број од луѓето имаат дефицит на Витамин Б5. b514600411_M

КАКО ФУНКЦИОНИРА ВИТАМИНОТ Б5?

Како и сите останати витамини од групата Б, pantothenic acid е есенцијална за конверзија на храната во енергија. Исто така е и многу важна за конверзија на choline во acetylcholine - ги спроведува електричните сигнали помеѓу нервите и мускулите и му овозможува на телото да функционира нормално.

Витаминот Б5 е особено значаен, тој го контролира разложување на мастите и може да биде доста корисен ако се прима како суплемент за потпомагање во губење на телесната тежина. Овој витамин ги стимулира клетките да се размножуваат а тоа помага за регенерирање на кожата, косата и брзо зараснување на рани и лузни на телото.

ung-thu-bach-cau-cap

КАКО ДА ГИ ПРИМЕТИТЕ СИМПТОМИТЕ ОД ДЕФИЦИТ НА ВИТАМИН Б5 ?

Ако често ви се случува да имате главоболки или пак губите свест, чуствувате анксиознот, слаба концентрација и болки во мускулите шансите да имате недостаток од Витамин Б5 се големи. Важно е да се напомене дека како што стареете потребата на телото од овој витамин е поголема, исто така конзумирањето на кофеин, пушењето цигари, земањето на седативи и контрацептивни апчиња го намалуваат нивото на Витамин Б5 во организмот.

Vitamin-B5

КОЈА ХРАНА Е БОГАТ ИЗВОР НА ВИТАМИН Б5 ?

Препорачана дневна доза е 6mg од овој витамин. Може да се најде во голем дел од храната, но како што споменавме погоре, при готвење на повисока температура, замрзнување или конзервирање на храната витаминот Б5 се уништува. При термичка обработка на месото 1/3 од Б5 исчезнува. Најдобар извор на Витамин Б5 се следниве продукти :

  • Брокула
  • Домати
  • Јагоди
  • Грејпфрут
  • Црн дроб и бубрег
  • Јајца
  • Интегрални жита
  • Пченка
  • Морска риба
  • Кикиритки
  • Квасец

 

Остави коментар