Грчко предјадење – Бујурди

0
blog-5654Потребни сосотојки за 2 особи :
  • 300гр  Фета сирење
    • 150гр  Гауда кашкавал
  • 2  мали домати
  • 1/2  лута пиперка (по желба)
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • оригано
   
Подготовка :
Доматите, лутата пиперка и Фетата се сецкаат на мали парчиња потоа во мал керамички или метален сад се реди Фета сирењето, потоа пиперката и доматите. На крајот се додава ренданиот кашкавал. Се пече 15 минути на 200 степени. Кога ќе го извадите садот од рерната додавате одозгора маслиново масло и оригано. Се служи топло во прилог со потпечен леб или крокети.
Добар Апетит !

Остави коментар