Дали знаевте дека Ориганото ги уништува бактериите ?

0
Ботанички оваа билка припаѓа на минт семејството (Lamiaceae), од родот Origanum и научно е позната како Origanum vulgare.  Историски името означува "планинско уживање", ориганото во минатото означувало симбол на среќа од страна на античките Грци и Римјани. Денес знаеме дека ориганото содржи витамин А, Ц, Е и витамин К, како и фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Б6, калциум и калиум. Покрај тоа ориганото содржи моќни фитохемикалии кои обезбедуваат потенцијални здравствени придобивки. fresh-oregano-in-bunch

Топ 5 здраствени придобивки од Ориганото

 
  1. Антибактериско и  Антифунгално дејство : 
    Carvacol и Thymol, две фитохемикалии кои се наоѓаат во ориганото, се моќни антибиотици. Истражувањата покажаа етеричните масла од оригано може да ги уништи патогените бактерии Listeria и MRSA (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus) исто така и неколку видови на Candida и други фунгални инфекции. Совет : Во течен сапун кој го користите секојдневно капнете неколку капки масло од оригано за дополнитена дезинфекција.
  2. Силен антиоксидант:
    Еднa активна супстанција во ориганото е Rosmarinic Аcid, која е силен антиоксиданс, оваа супстанција го потикнува и заштитува имунолошкиот систем. Ориганото важи за за силен антиоксиданс, 42 пати посилен од јаболкото. 
  3. Одлично делува кај респираторни инфекции:
    Ориганото исто така има анти-вирусно дејство во телото на човекот. Значително ја подобрува состојбата во телото доколку сте болни од грип или настинка. Општо земено, колку повисоки концентрации на Carvacrol има во ориганото толку поефикасно делува. Интересен е фактот дека ориганото поттикнува производство на пот како начин на детоксикација, користење на етеричното масло од оригано може да му помогне на вашето тело да се ослободи од несаканиот секрет во вашите бели дробови.
  4. Анти-воспалителни својства :
    Ориганото содржи beta- caryophyllin (Е- БКП) , супстанца која го спречува воспалението и исто така може да биде од корист за  други болести, вклучувајќи остеопороза и артериосклероза како и метаболички синдром.
  5. Анти-канцерогени својства:
    Истата состојка Carvacrol се оценува со високо анти-канцерогено својство особено во случаите: - канцер на простатата, градите, кожата, леукемија и рак на дебелото црево со ветувачки резултати.
Oregano-Oil-Infusion Освен погоре споменатите придобивки од оваа билка, во табелата подоле можете да видите за кои други состојби во телото ориганото позитивно влијае. Untitled-1
   

Остави коментар