Интерактивни и Едукативни рачно изработени книги за деца

0
Весна А. дипломирала на Aкадемијата за ликовна уметност во Скопје, таа е сопруга и мајка на четири деца и вистинска Супер Домаќинка, покрај исполнетиот распоред таа одвојува и време за изработка на овие прекрасни книги со кој децата можат да имаат интеракција а воедно и едукација. Весна вели дека со добра организација на времето може да се постигне Се, меѓутоа главниот двигател е љубовта кон тоа што го создавате. kniga11 Лично се запознавме со Весна која не освои со својата позитивна енергија и креативност која лесно се препознава во нејзините рачни изработки. Дадовме акцент на книгите кои почнала да ги изработува од неодамна со идеја дека овие книги можат да имаат и вредност како семејно наследство бидејки се изработени квалитетно и на не традиционален начин, нејзината креативност веќе одамна цвета во други изработки како наќит, брошеви од патенти, детски венчиња и траки со навистина впечатливи и единствени дизајни. DSC_0018 Весна ни објасни дека досега има голема заинтересираност за овие книги и надвор од Македонија кои се навистина еден голем уметнички зафат и без сомнение за нешто вакво да се изработи е потребно големо внимание, прецизност, трпеливост и секако време и многу енергија. Оваа книга е големо уживање за најмалите, сите елементи внатре во книгата се закачени на лепенки и децата лесно можат да ја менуваат нивната положба и да играат игри. farma drvo Материјалот кој Весна го користи за изработка на овие книги е природен и се нарекува Филц односно индустриска волна. Весна во насмевка ни раскажа дека постои ограничување во боите на материјалот но тоа не и представува никаква потешкотија, знаењето со кое се здобила на Академијата за ликовна уметност и помага правилно да ги одбира комбинациите на бои со кој што располага во моментот за да ги изработи мотивите во книгите. vesna Секоја книга е уникат и има посебна приказна, во договор со Весна книгата може да има различни елементи и игри по желба на детето за кое е наменета. Нејзините изработки можете да ги најдете на фејсбук страната Vesna's Zipper Jewelry и исто така лично да ја контактирате доколку сакате да купите некој производ.
Во галеријата можете да ги погледнете и другите рачни изработки :
 

Остави коментар