Креативното студио Simple. ќе ви го стопли домот.

0
Во центарот на градот Скопје едно симпатично креативно студио не само што ќе ви ја стопли душата туку и домот! Тука можете да ги најдете посакуваните перничиња за во дневна, постелнините за во спалната соба па и да поклоните некоја чаша за чај на најдобрата пријателка. Модерниот скандинавски дизајн ќе ве одушеви а за квалитетот ќе треба да пробате сами- органиски памук по сите стандарди...и цените се за сечиј џеб, што повеќе да се каже? simple-domakinka-crop4 Разговаравме со сопственичката на Simple. Ана Настевска-Графички дизајнер, која е и главниот дизајнер на производите и ќе споделиме неколку тајни за тоа како им успеа да го организираат ова катче, колку време се занимаваат со дизајн и зошто треба да ги посетите? Simple. е креативно студио каде идеите, креативноста и дизајнот се сплотуваат во една поширока визија за секојдневниот животен стил. Ана ни објасни дека Simple. постои веќе три месеци и произведува и нуди нишка производи кои го запознаваат вашиот дом со квалитет, единствен стил и тренд. Посветени се кон развивање на највисоко квалитетни, ексклузивно дизајнирани производи кои најважно од се, се 100% еколошки и органски. Дизајнерски парчиња кои не се штетни ниту за Вас, ниту за околината. simple-domakinka-crop5 Во креативното студио Simple. освен производите кои се изложени можете и да си порачате производ кој ќе биде изработен само за вас, се разбира со оние дизајнерски решенија кои веќе ги нудат во моментот. simple-domakinka-crop8 Освен материјалите и боите од кои се изработуваат производите исто така и полнењето на перничињата е од органско потекло, односно органски памук. Целата идеја и концепт на Ана е да се потенцира важноста за употреба на органските производи кои не се штетни по здравјето на луѓето и околината. Тоа го прави ова студио уникатно на нашиот пазар. simple-domakinka-crop9 simple-domakinka-crop12simple-domakinka-crop10 Simple. произведува и нуди нишка производи кои го запознаваат вашиот дом со квалитет, единствен стил и тренд. За сите заинтересирани наскоро во Simple. ќе има и нова колекција на производи, вреди да ги посетите и да го разубавите вашиот дом.              

Остави коментар