Мусака со јагнешко и модри патлиџани

0
Ова е типичен медитерански рецепт, вкусот е незаменлив и е вистинско уживање за сите гурмани.
Потребни состојки за 4 особи :
  • 900гр модри домати
  • 2 големи домати
  • 120мл маслиново масло
  • 2 големи главици кромид
  • 450 гр мелено јагнешко месо
  • 1/4 кафена лажица цимет
  • 1/4 мелен црн бибер
  • 2 супени лажици доматно пире
  • 3 полни супени лажици свеж ситно сецкан магдонос
  • 120мл бело вино
  • сол по желба
Easy-Greek-Moussake_30_1.1.49_326X580
Потребни состојки за преливот:
  • 50гр путер
  • 50гр бело брашно
  • 600мл млеко
  • 1/4 кафена лажица рендано морско оревче
  • 25гр рендан пармезан
  • 3 супени лажици потпечени лебни трошки
Подготовка :
Чекор 1 :
Убаво измиените модри патлиџани се сечат на 5 милиметри дебели кругови, убаво се посолуваат од двете страни и се оставаат да стојат 30минути. Ова овозможува водата да се извлече од зеленчукот. По 30 минути измијте ги круговите од модар патлиџан во ладна вода за да можете убаво да ја одстраните солта и потоа ставете ги на кујнска хартија убаво да се исцедат.
Чекор 2 :
Во голема тава со загреано масло на средна температура пржете ги веќе добро исушените кругови од модар патлиџан додека не добијат златно жолта боја од двете страни и додавајте масло доколку е потребно, а потоа ставете ги на кујнска хартија за да се упие маслото кое е одвишок. Frying-Eggplant  
Чекор 3 :
Во тава за пржење со загреано масло (2 супени лажици маслиново масло) на средна температура и ставете го ситно исецканиот кромид и меленото јагнешко месо и заедно пржете 6-7 минути со повремено мешање.
Чекор 4 :
Излупете ги доматите и исецкајте ги на поголеми коцки, потоа додадете ги во смесата со месо а потоа додадете доматно пире, мелен црн бибер, цимет, сецкан магдонос, бело вино и оставете да се динста околу 15 минути на пониска температура со капак.
Чекор 5 :
Во огноотпорен сад започнете да редите на дното еден слој од веќе подготвените кругови од модри патлиџани, потоа еден слој од меленото месо, повторете ја оваа неколку пати постапка доколку е потребно. moussaka-eggplant-layer
Подготовка на преливот:
Во мала тава растопете го путерот и ставете го брашното кратко да се пропржи (1 минута). Тргнете го на страна и потоа  додадете го млекото. Вратете на оган и варете со активно мешање 2 минути додека не се згусне. Додадете го морскорор оревче, пармезанот  и сол и бибер по желба. Полијте ја мусаката со овој сос одозгора  пред да ја ставите да се пече и пропрскајте со лебни трошки. Се пече 45 минути во загреана рерна на 180 степени целзиусови.
Добар Апетит !

Остави коментар