НАПРАВЕТЕ САМИ: Природен сируп за искашлување со докажано лековито својство!

0
Природата е најдобриот доктор. Свесни сме за лековитите својства на билките и растенијата. Со само неколку природни состојки направете го овој суруп за вашите дечиња или пак за другите членови во фамилијата. Овој моќен сурп ќе ви помогне да се ослободите од секретот во градите и синусите предизвикан од бактериски и вирусни инфекции, или пак од долгогодишна употреба на цигари.
903_r_165d52b2   За една доза потребни ви се следните состојки :
  • 1 полна супена лажица чај од бел слез
  • 1 супена лажица ленено семе (цело зрно)
  • 1 супена лажица чај од жалфија
  • 200 грама природен кафеав шеќер
  • 1000 мл вода
  • 1 излупен лимон исецкан на коцки
  Подготовка: Сите состојки се ставаат во тенџере и се варат 20 минути на средна температура (благо вриење). Потоа се остава да се олади и се прецедува во стаклено шише кое се чува во фрижидер. Сирупот може веднаш да се употребува. Употреба:
  • За дечиња над 2 годишна возраст се даваат 2 кафени лажици, наутро и попладне пред или по оброкот.
  • За возрасни 2 супени лажици, наутро и попладне,пред или по оброкот.
  • По потреба можат да се испијат две дози.
 

Остави коментар