Настинки и грип

0
Настинката може да биде предизвикана од било кој од повеќе од 200 постоечки вируси. Инфекцијата ги разгорува мембраните во носот, грлото и синусите, што предизвикува затнат нос или течење на носот, кивање, болки во грлото, кашлица и покачена температура. Грип е вирусна инфекција која продуцира симптоми слични на настинка, но полошо. Подложни сте на инфекции кога сте уморени или под стрес, и затоа градење на вашиот имунолошки систем е важен дел на третманот. cold_flu
Витамини кои се важни при лечење на настинки или грип :
  1. Vitamin A - ги регенерира слузните мембрани
  2. Vitamin B(complex) - го подобрува целосното здравје 
  3. Vitamin C - ги намалува симптомите и го зголемува имунитетот
  4. Vitamin E - антиоксидантски својства
Минерали потребни при лечење на настинка или грип :
  1. Железо - помага при создавање на антитела кои се борат со инфекцијата
  2. Магнезиум - потребно е за здраво функционирање на белите дробови
  3. Селен - ja зголемува потенциjaта на Витаминот Е
  4. Цинк - го зголемува имунитетот и го намалува траењето на настинката или грипот
Храна која треба да ја конзумирате при ваква состојба :
  • Свежо овошје и зеленчук
  • Кромид и лук
  • Житарки од цело зрно
  • Јаткасти плодови
  • Масна Риба
  • Природен Сенф
  • Ѓумбир
  • Рен
Храна која што треба да ја одбегнувате :
  • Млеко и млечни производи, бидејки предизвикуваат создавање на секрет во дишните органи.
  • Животински масти, бидејки стимулираат создавање на воспалителни агенси а со тоа се зголемуваат симптомите на настинката и грипот.
   

Остави коментар