(НАЈНОВИ ИСТРАЖУВАЊА) Зoшто толку многу бракови се распаѓаат и како тоа се поправа ?!

0
Бракот секогаш бил коцка, но модерните бракови се потешко опстануваат. Истражувања откриваат дека луѓето во добар брак се едни од најсреќните парови во историјата. Додека оние кои имаат брачни проблеми се многу понесреќни денес одколку што биле во бракови во минатото. Кога Ели Финкел направи интензивно истражување на оваа тема и откри дека: Браковите денес се многу попредизвикувачки и попроблематични отколку што биле порано. Причината за ова е дека денес луѓето очекуваат повеќе од бракот. Ако овие очекувања не се задоволени, тие го загушуваат и уништуваат бракот. Луѓето во брак денес за разлика од минатото не бараат само љубов и подршка од партнерот туку и чувство на лична исполнетост. На пример: сопругата да го прави мажот да се чувствува како подобар маж. Ова е нож со две острици. Ако ова чувство не е исполнето тогаш се создаваат проблеми во бракот. Од друга страна ако овие потреби се задоволени тогаш бракот е инзвонредно исполнителен, повеќе од најдобрите бракови во минатото. happy-fingers

Клучот за успешен брак

Знаејќи ги сите овие информации тогаш кој е клучот за успешен брак?
  • Не барајте лична исполнетост само во бракот. Освен партнерот, искористете ги сите свои ресурси за да бидете исполнети: пријатели, хобиа, работа итн.
  • Ако сакате многу од вашиот брак треба и да дадете многу. За да бидат исполнети високите очекувања, брачните парови мора да инсвестираат многу време и ресурси во бракот.
  • А ако ниедна од горенаведените опции не звучи добро, тогаш е време да барате помалку од бракот и да ги прилагодите вашите очекувања.
Истражувањата на Јефери Ду сугерираат дека времето е критичен фактор во успешниот брак. Тој откри дека Американците во 1975 во просек посветуваат 35 часа од неделата на сопругот/сопругата додека брачните парови во 2003 посветувале 26 часа на заедничко време. Брачните парови кој имаат и деца во 1975 посветувале 13 часа неделно додека во 2003 оваа бројка се намалила на 9 часа неделно. Процентот за разводи во 1970 бил 32.8% а во 2000 тој израснува на фрапантни 49.1%! Ова сугерира веќе прилично очигледна работа, дека времето кое што го посветувате со вашиот партнер е клучно во бракот! Но, не мора да значи дека помалку време посветено ќе води до развод или дека долколку посветуватe доволно време ќе имате успешен брак, туку дека комбинацијата на високи очекувања и малку време посветено во бракот е токсична комбинација!

Остави коментар