Не барајте одобрување од другите за вашите одлуки

0
Сите ние уште од најмала возраст учиме за тоа како да се однесуваме, како да размислуваме, во што да веруваме, што е исправно, а што не итн. И тоа е нормално и корисно будејќи учењето има значајна улога во нашиот развој. Сепак, како што созреваме и стануваме возрасни, ние сме тие кои треба да ја преземат контролата над својот живот и да се водиме под своите верувања, вредности и изградени смисли. Исто така, потребно е да ги преиспитаме истите доколку се косат со наште внатрешни чувства, или уште повеќе, доколку резултираат со саботирање или повреда на себе си или другите луѓе. Superhero kid Едно од најпријатните чувства е чувството на ослободеност од грижата за тоа што другите мислат за вас. Колку и да звучи едноставно и дека се подразбира, малкумина се оние кои го живеат животот без (свесно или несвесно) да чекаат одобрување од другите луѓе за своето однесување и кои се раководат според своето срце и разум. Понекогаш потребно е да излезете од тој круг, да земете воздух и да се потсетите кои сте и што сакате да бидете. Најдоброто нешто што можете да го направите е да го следите вашето срце. Ризикувајте, немојте да ги прифаќате само сигурните и лесни избори само затоа што се плашите што другите мислат, или што ќе се случи. Немојте да дозволите малите умови да ве убедат дека вашите соништа се преголеми. Не се!
Уште денес, обидете се да престанете да барате одобрување. Еве зошто:
Имате само еден живот да ги остварите соништата кои ве прават живи Подобро е да паднете (и да научите од тоа) кога правите нешто што го сакате, отколку да успеете во нешто што го мразите. Така што, обидете се со она во што верувате. Паѓајте додека не успеете. Направете ја жртвата и излезете од комфорната зона одново и одново. Соочете се со своите стравови со храброст. Всушност, храброста не е ништо повеќе од одлука или избор за делување кога тоа нешто ни е позначајно од самиот страв. Храброста не го исклучува стравот. Задржете го вашиот свет и држете се до своите визии додека не се претворат во реалност. Нечие одобрување е само уште едно мислење Немојте да дозволите нечие туѓо мислење да стане вашата реалност. Никогаш не го жртвувајте тоа што сте вие, или она што тежнеете да бидете, само затоа што некој друг има проблем со тоа. Сакајте се себеси поради тоа што сте внатрешно и надворешно и продолжете напред. Никој друг нема моќ да направи да се чувствувате инфериорно, доколку вие не им ја дадете моќта. Вие сте единствените кои можат да ги создадат и реализираат вашите соништа и среќа. NAP8651-Edit1 Единственото мислење кое е навистина важно е вашето Во животот, нешто што е навистина тешко, но и прекрасно е откажувањето од желбата да бидете совршени во очите на другите и да го започнете процесот да постанете своето вистинското „јас“. Ослободете ја вашата љубов. Бидејќи, она што го сакате ги одредуваат вашите соништа, вашите соништа ги одредуваат вашите активности, а вашите активности ги одредуваат вашите животни случувања. Некои луѓе, како и да е, никогаш нема да ви го дадат своето одобрување Немојте да дозволете негативните мислења да ви го нарушат внатрешниот мир. Најгрубо, постојат два вида луѓе, оние кои ви ја црпат енергијата и креативните сили и оние кои ви даваат енергија и ја поддржуваат вашата креативност, дури и со наједноставен гест како насмевка. Отфрлете го првиот вид. Бидете среќни. Бидете кои сакате да бидете. Ако на некои тоа не им се допаѓа, тоа е нивно мислење. Среќата, на крајот е избор – Ваш избор. Животот не се состои во тоа да ги задоволуваме туѓите потреби. Животниот пат и перспективата сосем се разликуваат кај различни луѓе Она што сте, ве прави поразлични од другите. Не ја менувајте вашата основа на личноста за никој друг. Она што не чека пред нас, секогаш ќе биде во извесна смисла мистерија и неизвеснот. Не плашете се да истражувате, да учите и да растете. Зошто се случуваат некои работи, никогаш нема да дознаеме. Чекорете кон напред, чекорете ја вашата приказна. Онаму каде што наидувате на раскрсница и на избори кои треба да ги направите, направете го изборот за кој вашето идно „јас“ ќе ви благодари. 201505-omag-intution-2-949x534 Личното искуство понекогаш е неопходно за личниот развој Некои животни лекции можете да ги разберете само ако самите поминете низ искуството кое е потребно. Тоа ви овозможува да создадете заклучоци врз основа на сопственото искуство, а не врз основа на субјективното мислење на некој друг. Ваквото искуство ви овозможува да размислувате пологично и да преземете чекори во позитивна насока. На вашата интуиција не и е потребно одобрување Кога станува збор за развивање на контакт со себе, морате да се обидете да го правите она што сакате да го правите, да одите онаму каде што сакате да одите и да ја следите сопствената интуиција. Не прифаќајте избори со кои се лажете себе си. Не дозволувајте поради другите да ги заробувате своите идеи. Доколку чувствувате дека нешто е исправно, обидете се да одите во таа насока. Бидејќи, никогаш не знаете како точно ќе излезат работите. Не дозволувајте туѓото мислење да го надвладеат вашиот внатрешен глас, срце и интуиција. Тие на некој начин веќе знаат што вие навистина сакате да постанете. Сè останато е помалку важно. Животот е премногу краток за да чекате Земајќи се на куп, немате премногу време на располагање, времето во животот е ограничено за сите. Така што, погледнете на работите кои ви биле дадени како да се чудо пред вашите очи. Изберете да бидете среќни, без ничие одобрување – во спротивно никогаш не би постанале.
Текстот е превземен од psihologija.com.mk

Остави коментар