Нова приказна во градот – Beta House HQ

0
12002753_622014394605226_8155707812927917508_n Веќе добро познатиот бенд Beta House кој години наназад е убав зачин во скопскиот ноќен живот започна нова приказна Beta House Headquarters (HQ) . Момците од бендот со многу иновативни идеи и многу вложен ефорт го отворија новото кафуле во Tафталиџе позади Mлечен за кое без сомнение се очекува да стане следна дестинација на сите генерации- уживачи во добрата музика. beta house Кафулето има доста интересен репертуар што не е вообичаено за другите кафулиња низ градот а тоа го прави и посебно место за уживање. Секој ден си е посебна приказна, спектар од музика почнувајки од Јazz во предпладневните часови па потоа Rock,Pop,Funk... во попладневните часови а за викенд во вечерните часови диџеи и свирки во живо, во различни периоди од денот различна музика а многу лесно можете да дознаете кој денови и каква музика ќе се пушта во кафулето на нивниот Фејсбук профил Beta House HQ . IMG_20150917_121816  otvaranje beta      black and white Во овој локал во најбрзо време нема да се ужива само во музиката, тука и љубителите на филмот ќе имаат свој термин, еден ден во неделата ќе се пуштаат филмови од секаков жарн а за да бидете во тек сo настаните секогаш проверете ја Фејсбук страната на Beta House HQ .     

Остави коментар