Остеопороза – Симптоми и превенција

0
Mедицинска состојба во која коските стануваат кршливи од загуба на ткиво, обично како резултат на хормоналните промени , или недостаток од калциум и витамин Д.
osteoporasis1

Што е остеопороза и кои се фактори на ризик ?

Остеопорозата ги слабее коските и го зголемиува ризикот од кршење на коските. Коскената маса (густина на коските) се намалува по 35 -годишна возраст и губење на коскената маса се случува побрзо кај жените во менопауза. Клучните фактори на ризик за остеопороза вклучуваат генетика, недостаток на вежбање, недостаток на калциум и витамин Д , добивање на коскена фрактура како возрасен, пушење цигари, прекумерно консумирање алкохол , историја на ревматоиден артритис, ниска телесна тежина, и семејната историја на остеопороза. Пациентите со остеопороза немаат никакви симптоми се додека не се случи фрактура на коските. Дијагностицирањето на остеопороза може да се направи со помош на ренген и со тестови за мерење на густината на коските.

Симптоми :

Остеопорозата може да се појави без никакви симптоми со децении поради тоа што остеопороза не предизвикува симптоми се до појавување на фрактура на коските. Покрај тоа, некои остеопоротични фрактури може да не се откријат со години, бидејки тие не предизвикуваат симптоми односно силна болка. Поради тоа, пациентите може да не се свесни за нивната остеопороза се додека тие не настрадаат со болна фрактура. Симптомите на остеопороза кај мажите се слични на симптомите на остеопороза кај жените. cs-osteoporosis-early-signs-722x406

Превенција и третман :

Целта на третманот на остеопорозата е превенција на фрактури на коските со намалување или губење на коскената маса, по можност, со зголемување на густината и силата на коските. Иако рано откривање и навремено лекување на остеопороза може значително да го намали ризикот од идни фрактури, ниту еден од достапните начини на лекување на остеопороза се комплетни лекови. Со други зборови, тешко е целосно да се рекунструира коска која што е ослабена од остеопороза. Затоа е толку важна превенцијата од остеопорозаПромените во животниот стил се најголемата превенција од остеопороза , вклучувајќи ги и одвикнување од  цигарипрестан на прекумерно консумирање алкохол , правилно вежбање, балансирана исхрана со соодветен внес на калциум и витамин Д.


 

Остави коментар