Позитивна дисциплина

0

Позитивна дисциплина е начин на воспитување базиран на учењето на Адолф Адлер и Рудолф Дреикурс, овој начин на воспитување е креиран со основна цел - да ги учи децата и младите луѓе да станат одговорни, да имаат почит и да станат снаодливи.

Jane Nelsen Experts Circle3_0

Во последните дваесет години особено големо внимание се обрна на позитивната дисциплина како метод на воспитување на децата а нај голема заслуга за тоа има авторката на книгата "Positive Discipline" ("Позитивна Дисциплина") Др.Џејн Нелсен.  Во своите книги оваа авторка посочува на важни животни вештини кои треба да се совладаат и кои не се однесуваат само на децата туку и на возрасните (родители, воспитувачи, професори и др.). Принципите на Позитивна Дисциплина се принципи на "долги стази" и ни посочуваат како е поважно да ја прифатиме детската природа на правилен начин и да воспоставиме квалитетен однос со детето, односно однос без казни или награди за мотивација.

Family-Social-Care-Picture

 Позитивната дисциплина им помага на родителите во пронаоѓање на мерката - "златна средина" помеѓу попустливост и строгост. Техниката која треба да се совлада од методата на Позитивна Дициплина е да се биде благ но одлучен родител (во исто време).
 
 "Од каде им е на родителите таква луда идеја дека децата ќе се однесуваат добро, кога пред тоа се чуствувале лошо ?" - Џејн Нелсен За разлика од традиционалото сфаќање за обликување на детското однесување со помош на награда или казна , методот на позитивна дисциплина стои зад верувањето дека основниот мотив за однесувањето (лошо или добро) на децата/возрасните е чуството на припадност односно поврзаност и чуството на моќ. Тоа значи дека дете кое има чуство на припадност и чуство дека е способно и важно во средината во која расте, ќе се однесува адекватно. Секој облик на неприфатливо однесување проаѓа во релација возрасен-дете, во која детето не се чуствува во доволна мера поврзано и важно од страна на родителите, воспитувачите и слично. 43d5ce93487a7e2
Авторката Џејн Нелсен ги дава следните критериуми за ефикасна дисциплина која се учи :
  1. Помага децата да развијат чуство на поврзаност односно припадност.
  2. Во исто време представува почит и поддршка( благ и одлиучен родител).
  3. Ефикасност на "долга стаза" (ги зема во обзир детските размислувања, нивните чуства и самодоверба).
  4. Ги учи децата на важни социјални и животни вештини (почутување, грижа за другите, решавање проблеми и соработка).
  5. Ги мотивира децата да откријат за што и колку се способни (поттикнува конструктивно користење на способностите(моќта) и автономијата).

Остави коментар