Рецепт: Лесен и брз џем од цреши

0
Потребни се само 40 минути да го подготвите овој џем а целото семејство ќе ужива со денови во свежиот вкус.
cherrypitsПотребни состојки :
  • 1,5 кг свежи цреши
  • 1,5 кг шеќер 
  • рендана кора од еден лимон
  • сок од еден лимон
  • рум (по желба)
     

Подготовка:

  1. Свежите цреши се мијат, се одстрануваат дршките и семките и потоа се сечат на половина, кората од лимон се ренда и се цеди лимонов сок.
  2. Во тенџере со средна големина се ставаат црешите, лимоновиот сок, кората од лимон и рум-(по желба). На висока температура се варат 5 минути. Потоа се додава шеќерот.
  3. Од кога ќе го додадете шеќерот намалете ја температурата и варете на средна температура се додека шеќерот се раствори.
  4. Продолжете со варењето уште 15 минути со повремено мешање и потоа оставете го џемот да се олади на страна. 
cherriesreducing cherryjamspoon

Добар Апетит !

Остави коментар