Совети од Др.Пол Волк – Како да престанете со лошите навики?

0
Овој текст е извадок од книгата "Принципи на здраво живеење" од  Доктор Пол Волк.

Како да престанете со лошите навики ?

happy

  Постојат многу текники со кои се служат луѓето. Повторувањето е една од најдобрите.Колку повеќе повторуваме добри работи, помалку ќе имаме време за лошите навики,а она што е добро се врежува подлабоко во нашиот ум. Ако сфатиме подобро како функционира мозокот, полесно ќе дојдеме до целта. Како настанува некоја навика? Клетките на мозокот се поврзани со линии или врски. Секоја нова информација што ќе ја научиме представува нова линија или врска меѓу клетките во мозокот. При секое врзување на чевлите се запишуваат нови детали. За говорот линиите се поинакви. Колку повеќе учиме да зборуваме, толку се линиите подлабоки.Овде повторувањето е мошне важно. Врската меѓу мозочните клетки се вика синапса и тука се случува електричен процес сличен на пукање со прстите.Кога импулсот минува од една на друга клетка, на клетката на мозокот настанува мал топчест израсток.Со текот на времето овие израстоци растат и го намалуваат растојанието меѓу две клетки во мозокот. Секогаш кога ја повторуваме таа активност, растојанието е се помало, а ние можеме се побрзо да го повторуваме тоа(на пример врзување врвки: децата постојано го прават тоа и при тоа прават движења со јазикот, зашто овој пат не е извежбан.Подоцна мозокот сам вели дека јазикот не помага при врзување на врвките и затоа возрасните не го движат јазикот додека ги врзуваат своите чевли). Милијарди такви врски постојат во мозокот. Да предпоставиме дека една таква врска е некоја лоша навика, на пример пушењето.Колку повеќе пушите, разликата меѓу клетките се намалува и вие пушите се побрзо и се повеќе. Потоа собирате храброст и донесувате одлука да престанете да пушите.Така разбивате една врска меѓу мозочните клетки, но другите врски чекаат нова цигара и тоа ве полудува, зашто постојат уште многу врски кои ве тераат да пушите. И кога ќе настапи момент на слабост,се знае што се случува - и се враќаме на старата навика и новите врски повторно се создаваат. Што да се направи сега за да се ослободиме од овие врски? Би било добро кога неврохирург би можел да ни ги прекине сите овие врски, но и најдобриот таков стручњак неможе да ги прекине врските за нашите лоши навики. Потребно е колку што е можно повеќе да ги повторуваме добрите работи. Еве неколку корисни совети за прекинување со некоја лоша навика. Замислете дека наеднаш имате потреба да ја направите таа лоша навика. Тој стар ѓавол ви вика : "Ајде направи го тоа !" и вие имате силна потреба да го сторите тоа. Еве што треба да направите : Гледајте на часовник една минута и мислете на нешто друго, позитивно и убаво(годишен одмор или некој радосен настан). Може да прочитате нешто убаво и кратко. Ако по една минута се уште имате силна желба, повторете го ова уште една минута. Во втората минута размислувајте за нешто добро и позитивно, можете да пуштите некоја музика која ве смирува.На крајот на втората минута, ако тој нагон е сеуште присутен, гледајте во часовникот уште една минута, за последен пат. Докторите и психолозите се согласуваат дека ако на некој нагон не одговориме 3 минути , потребата исчезнува. Нагонот функционира само доколку веднаш попуштите пред него. Затоа и се вика нагон, затоа што ве тера веднаш да направите некоја работа. Ако успеете да издржите 3 минути и се фокусирате на нешто друго, нагонот целосно ќе исчезне.

candy

Понекогаш тоа го правиме и без да знаеме. На пример , можеби сте се возеле со автобус, а за 30 минути ќе стигнете дома.Одеднаш ви се оди во тоалет, но си велите себеси дека ќе го сторите тоа за 30 минути. Иако го имате тој нагон, мозокот му зборува на телото дека тој нагон нема да биде задоволен во тој момент.И вие размислувате за нешто друго. Кога ќе пристигнете дома , мозокот вели: "Сега ќе ја задоволам таа потреба". Вашиот мозок му кажува на телото што да прави. Колку повеќе вежбате вашиот мозок да раководи со телото, толку повеќе ќе си го зајакнувате карактерот. Слабиот ум секогаш попушта на се. Ако не се залагате цврсто за нешто, ќе паднете под тоа влијание. Затоа развијте го умот, за да правите правилен избор. Лошиот избор доаѓа автоматски. За да бидете на вистински пат, потребно е да се вложи напор. За тоа е потребно време и вежбање, но тоа не е тешко, само треба да се направи. Ако не го правиме тоа, резултатите можат да бидат катастрофални. download Значи, потребно е да донесуваме нови, добри одлуки во животот, повеќе време да минуваме во корисни и конструктивни активности.

Остави коментар