Традиционални американски макарони со кашкавал

0
Добро познатите американски Mac and Cheese или Потпечени макарони со кашкавал во рецептот подоле: Stouffers-Macaroni-Cheese-Recipe3    Потребни состојки :
  • 1 пакување макарони
  • 500 гр. Чедар кашкавал
  • 30 гр путер
  • сол и бибер по желба
  • 300 гр зовриено млеко
     
  1. Загрејте на рерната на 190 степени целзиусови, во меѓувреме сварете ги макароните во солена вода (варете од 8 до 10 минути) а потоа убаво исцедете ги.
  2. Подготовка пред печење:  Голем сад за печење убаво намачкајте го со путер. Изрендајте го кашкавалот или исечете го на парчиња. Потоа една третина од сварените макарони ставете ги во садот за печење, потоа една третина кашкавал, малку путер и зачинете со сол и бибер по желба. Повторете го ова три пати. На крајот полејте ги макароните со предходно зовриеното млеко. 
  3. Печете 1 час (без да го покривате садот) односно додека не добие светло кафена боја.
 
Добар Апетит !

Остави коментар