ТРЕБА ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА КОНЗУМИРАМЕ МЛЕКО ?

0
Речиси секој човек пие млеко. Се чини ние сме единствениот вид на цицачи кои пијат млеко и подоцна во животот и дефинитивно единствениот вид што пие млеко од друг вид на цицач. Кравјото млеко или млекото од било кој друг вид на цицач не е наменето за човекот. Мајчиното млеко е со многу по различен состав од кравјото млеко.  shutterstock_363384725-759x500 Што се наоѓа во една чаша кравјо млеко? Може да очекувате да слушнете дека една чаша млеко е богата со калциум, витамин А и Д, протеини и други хранливи материи за кои мислиме дека се корисни за организмот. Па, една чаша кравјо млеко содржи и кисели протеини од животинско потекло кои го исцрпуваат калциумот од коските, гнојни клетки, хормони за раст, измет, антибиотици и во целина многу непотребни масти, холестерол и калории - од кои се создава страшна нерамнотежа во човечкиот организам. Кравјото млеко во просек содржи околу 3 пати повеќе протеини од човечкото млеко, со што се создава метаболички нарушувања кај луѓето кои подоцна се манифестираат со нарушување на здравјето на коските и зголемување на киселоста во организмот (според една студија објавена во весник за епидемиологија). Ќе се запрашате како овие податоци се точни кога во една чаша млеко се смета дека има 300мг калциум кој е од корист за нашите коски. Меѓутоа со текот на времето и бројните истражувања на светско ниво се докажува спротивното. Cows-milk-500x334 Калциумот всушност ја неутрализира токсичната киселината во нашето тело создадена од протеини од животинско потекло, а најголема концентрација на калциум човечкото тело има во коските. Кога калциумот ќе ја изврши својата работа (да ги неутрализира токсините), се излачува преку бубрезите односно преку урината а тоа дирекно води кон губење и дефицит на калциумот во нашето тело. Пастеризацијата и хомогенизацијата на млекото ги денатурира протеините кои можат да го отежнат процесот на варење во телото. Покрај тоа, процесот на пастеризација уништува дел од ензимите, витамините и минералите. Овие клучни ензими помагаат во процесот на варењето на храната. Околу 75% од населението во светот е всушност интолерантно на лактоза. Според тој податок јасно може да се увиди дека луѓето не се создадени да консумираат кравјо млеко. man drinking milk Кравите се изложени на антибиотици и  вбризгување со rBGH , тоа е хормон за раст- добиен преку генетски инженеринг, синтетички хормон кој е создаден вештачки да се зголеми производството на млеко. Застрашувачки пропратен ефект на rBGH е зголемување на ИГФ-1 (инсулин фактор на раст), која е поврзана со многу видови на рак. На кравите рутински им се даваат стероиди и други хормони за да им се зголеми тежината и мускулната маса. Овие моќни синтетички хормони дирекно ја нарушуваат деликатната човечка хормоналната рамнотежа при конзумирање на млеко и други животински протеини, што доведува до многу здравствени проблеми. Токсични пестициди од храната што кравите ја внесуваат, исто така се пренесува во млекото кое луѓето го консумираат. Многу крави живеат во затворени и нехумани услови, не им е дозволено да се шетаат слободно и да ја пасат природната зелена трева која всушност треба да ја јадат, наспроти храната со адитиви и пестициди. Иако органското млеко може да биде ослободено од антибиотици и rBGH хормон, и сите други негативни атрибути на млекото се уште се присутни.
     

Остави коментар