Фитнес совети: Како да останете мотивирани?

0
Можеби се запишавте на пилатес, во теретана или на пливање? Но веќе по завршување на првиот месец и малкуте симнати килограми ја изгубивте мотивацијата? Еве водич за тоа како да останете мотивирани низ целиот процес на губење на килограмите и подобрување на здраствената состојба.
Поставете си цел:
Една од најважните работи е да имате цел. Колку килограми сакате да изгубите, што ќе превземете за успешно да ја постигнете вашата цел? Имајте на ум дека вежбањето во комбинација со здрава и редовна исхрана ќе ве доведе до целта. Најголемата грешка која повеќето луѓе ја прават е да поставуваат не реална цел, почнете постепено, со секој постигнат успех ја градите својата самодоверба и спремни сте за поголеми предизвици. shutterstock_1770171621
Направете да биде забавно :
Запомнете, вежбањето или било каква физичка активност треба да ве прави среќни и да ви создава уживање. Пронајдете ја активноста или спортот што најмногу ве привлекува и што одговара на вашиот темперамент. Колку повеќе уживате толку подолго ќе се задржите на таа физичка активност, резултатите се неизбежни!
Нека стане ваша дневна рутина:
Сите знаеме дека вежбањето е животен стил, потрудете се секојдневно да практикувате било каква физичка актвиност, дури и во оние денови кога не сакате да станете од кревет. Ако го совладате лошото расположение и  дисциплинирано без изговори отидете да вежбате, ќе ја зголемите самодовербата која е најдобриот мотиватор да останете активни.
Запишете на хартија:
Сакате да изгубите тежина? Сакате да ја зголемите енергијата или решавате да ја подобрите вашата здраствена состојба? Запишете кои се сите придобивки од физичката активност која сте ја одбрале, воедно запишете колку негативно ќе се одрази на вашето здравје на долг план ако не започнете со физичка активност. На крајот на денот сите сакаме да бидеме здрави и полни со енергија.
Здружете ги силите:
Ви треба друштво? Одлична идеја е да имате партнер за вежбање, деновите кога не се чуствувате дека сакате или можете да вежбате ќе извлечете мотивација од вашата пријателка/пријател. Се е позабавно и се чини полесно кога сте тим. Најдете некој на кој му одговара истата динамика за вежбање и направете план за вашите идни активности. GTY_healthy_lifestyle_as_160519_12x5_1600
Наградете се:
Најдобрата награда после секој успешен тренинг е да си дозволите да ги почуствувате сите позитивни емоции кои се резултат од вежбањето. Не постои поголема мотивација од оваа. Секако, нов пар удобни патики секогаш ќе ве натераат да излезете од дома 🙂
Бидете флексибилни:
Има денови кога едноставно немате време или немате доволно енергија поради работните обврски кои се насобрале и не можете да ја постигнете рутината за вежбање. Не се обвинувајте, најважно е да се вратите најбрзо што можете. woman-laughing-workout-clothes
Не заборавајте дека се што правите треба да ве прави среќни, да ве мотивира да станете подобра личност и секако да го задржите доброто здравје.

Остави коментар