Што представува СЕЗОНСКО АФЕКТИВНО РАСТРОЈСТВО? (САР)

0
Сезонско афективно растројство (САР) е вид на депресија потикната од недостаток од дневна светлина во зима. Симптомите вклучуваат депресија, плачливост, недостаток на енергија и потреба за големо количество на јагленихидрати. Терапија со дневна светлина е од голема помош, исто така и други терапии кои ќе помогнат телото и умот да се смират, релаксираат и да се придонесе кон целосно подобрување на здравјето. Начинот на исхрана е круцијален кај личности со вакви симптоми.
mood-girl-winter-snow-hat-hair-background-wallpaper
Која храна ќе ви помогне ?
  1. Овес
  2. Интегрални житарки
  3. Масна риба
  4. Свежо овошје
  5. Коренести зелечуци (цвекло, морков, компир, рен и сл.)
  6. Млечни производи со ниска масленост
  7. Суво овошје
  8. Банани
  9. Ореви

Која храна треба да ја избегнувате?
  1. Храната со заситени масти 
  2. Брзи-ослободувачи на јагленихидрати како што се белиот шеќер, бел леб, бел ориз и рафинирани житарици.
  3. Алкохол
  4. Сол
  5. Кафе

Потребни Витамини ?
  • Vitamin B (complex) - сите Б витамини го подобруваат менталното здравје и потикнуваат производство на сератонин.
  • Фолна киселина - го намалува нивото на Хомоцистеин во телото. Хомоцистеин е вид амино киселина која што е присутна во крвта и најчесто се создава при конзумирање на месо. Оваа амино киселина доколку е присутна во голема количина може да ја зголеми депресијата и исто така се поврзува со предизвикување на срцев удар.
  • Vitamin C - го чува имуниот систем.

Потребни Минерали ?
  • Калциум - има смирувачко дејство
  • Хром - го стабилизира шеќерот во крвта за да се превенира менување на расположението
  • Железо - го подобрува нивото на енергија
  • Магнезиум - помага за релаксирање на мускулите
  • Цинк - ја подобрува функцијата на мозокот
Доколку чуствувате некој од горе наведените симптоми, посетете го вашиот матичен доктор и применете ги неговите здраствени совети за полесно утврдување на вашата дијагноза. Секако овие препораки ќе ви помогнат побрзо да ја подобрите вашата ментална и физичка состојба.

Остави коментар