10 Совети од Д-р Оз за одлично здравје

0

1. Останете силни

e53c78d3d2a92665036efb327d259f6eГубењето на тежината не е индикатор за добро здравје. Физичката и психичката сила е! Балансиран план за вежбање, тоа не значи часови поминати во теретана или пак исцрпувачки тренинзи штетни за телото. Рутината за вежбање на Д-р Оз е следна: наутро 7 минутно истегнување на целото тело. Не ви се потребни патики ниту опрема за да го направите ова, едноставно станете од кревет сеуште облечени во пижами, и правете вежби за истегнување Одбетере кои вежби ви одговараат вам и започнете со оваа рутина.. Секоја вежба треба да трае 1 минута без пауза помеѓу вежбите.  

2. Заборавете на рафинираните продукти!

2-_cut-out-white-bread-420x420_0-1Најлесен начин да изгубите тежина и да го подобрите вашето здравје? Исфрлете ги целосно белото брашно и шеќерите, се што е рафинирано: бело брашно, бел ориз. тестенини и бел шеќер, се направени пред се од рафинирани шеќери и празни калории. Исклучување на овие продукти е најбрзиот и најефикасниот начин да си го подобрите здравјето вели Доктор Оз. Единствени "бели прехранбени продукти" кои се добри за целокупното здравје се: белки од јајце, карфиол и риба.

   

3. Брокула

3-_broccoli-420x420_0"Брокулата е најдобар избор. Го чисти црниот дроб и помага во борба против ракот. Вели тој. Гответе ја на пареа само неколку минути. Тоа е доволно за да омекне а сепак да ги задржи најважните состојки." Брокулата е богата со Витамин К и А во формата на бета-каротен. Богат извор на Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9 (фолна киселина). Минерали присутни во брокулата се: железо, калциум, калиум, магнезиум и цинк. И секако растителни влакна кои помагаат на дигестивниот тракт.    

4. Примете ја дневната доза на Витамин Д

vitamin-d-2-420x420_0"Новите истражувања велат дека витаминот Д може да игра клучна улога во губење на тежината со контролирање на апетитот и помагање на масните клетки да станат се повеќе метаболички активни ", вели д-р Оз. Витаминот на сонцето, исто така, му помага на вашето тело подобро да го апсорбира калциумот кој помага за зголемување на коскената маса, го подобрува имунитетот, ги намалува воспаленијата, па дури и може да заштити од некои форми на рак. Доколку не ја добивате потребната количина на витамин Д, потребно е да се консултирате со вашиот доктор.    

5. Не заборавајте да пиете вода

drink-more-water-420x420_0Има причина зошто Д-р Оз неможе да го изостави овој очекуван совет од врвот на листата. Водата ви овозможува да ја победите главоболката, да останете енергични, да се чуствувате витално, да го подобрите изгледот на кожата за само 0 калории и малку пари. Дехидрираноста знае да се манифестира како глад затоа половина час пред да јадете напијте се 300-500 мл вода. Ова ќе ви помогне да изгубите тежина.        

6. Зелен Чај одлична супституција за кафе

green-tea-instead-of-supplements-420x420_0Пиењето природен зелен чај е одличен начин да се расоните, го забрзате губењето на тежината и да го подобрите вашето здравје. Не само што има моќ да го поттикне вашиот метаболизам, исто така содржи и најголема концентрација на катехини, овие антиоксиданси кои се наоѓаат во растенијата се докажа дека заштитуваат од болести на срцето, па дури и некои видови рак. Испијте неколку чаши зелен чај во текот на денот за да ги почуствувате сите овие неверојатни бенефиции.    

7.Фокусирајте се на нутрициската вредност на храната не на калориите

quality-instead-of-calories-2-420x420_0"Губење на тежината не значи намалување на калории. Твојот мозок е во потрага по хранливи материи а не калории, и (твојот мозок) ќе биде поттикнат да бара храна се додека не се задоволи со хранливите материи, тоа значи дека доколку јадете храна со празна нутриитивна вредност шансите да бидете често гладни во текот на денот се големи. Тоа се случува кога конзумирате брза храна или премногу шеќери" вели д-р Оз. Квалитет а не квантитет. Секогаш имајте го ова на ум.     

8. Одложете го десертот

delay-dessert-420x420_0Сосема е во ред понекогаш да го вклучите и десертот како дел од менито, вели Д-р Оз, меѓутоа не го јадете веднаш по оброкот. "Избегнувајте слатки непосредно по оброкот бидејки шеќерот ја нарушува апсорпцијата на хранливи материи", вели д-р Оз. Најдобро време за десерт е околу два часа откако ќе завршите со вашиот оброк. И кога станува збор за она што го јаде, обидете се како десерт да јадете само: темно чоколадо.      

9. Повеќе сон за да изгубите тежина

sleep-to-lose-weight-420x420_0Според д-р Оз, попречувањето на вашето тело да спие онолку колку што му е потребно може да го забрза процесот на стареење и да ги спречи вашите напори за слабеење. "Мозокот копнее по јаглехидрати кога сте уморни, па може да успее да ги саботира дури и вашите најдобро подготвени планови за исхраната," вели тој. Имајте цел - седум часа (минимум) цврст сон секоја вечер за да овозможите на вашето тело да се регенерира и да се заштитат виталните функции на органите.    

10. Појадокот е задолжителен

breakfast-mandatory-420x420_0Сте слушнале и предходно, но вреди да се повторува! Појадок се уште е најважниот оброк во денот! "Прескокнувајки го првиот оброк во денот може да го зголеми ризикот за дебелината повеќе од четири пати", вели д-р Оз. "Ако не јадете кога ќе се разбудите, вашето тело чувствува глад и започнува да го забавува вашиот метаболизам за да компензира. Потоа, кога вашето тело ќе се сретне со храна подоцна во денот, ќе се обиде да ја складира секоја можна калорија, што доведува до прекумерно јадење со бавен метаболизам-рецепт за зголемување на телесната тежина. "    

Остави коментар