3 вида пилинг за тело направени од сол и шеќер. Пробајте сами!

0
Пилингот направен од сол и шеќер е најлесниот пилинг кој можете да го направите дома и дава одлични резултати! Овие пилинзи ќе ја направат вашата кожа мека, сјајна и освежена. Најдоброто нешто кога правите домашен пилинг е големата заштеда. Ќе потрошите три пати помалку од вашиот буџет а ефектот што ќе го добиете е еднакво добар како пилингот што ќе го купите, односно ќе успеете да ги избегнете сите конзерванси кој се штетни а се кријат во убаво спакуваните амбалажи на козметиката. 

1. Банана, шеќер и есенцијално масло

3045053860_1b85de3266_b.jpg.650x0_q70_crop-smart Кога ќе забележите дека бананите убаво се созреани (добиваат темно кафена боја) спремни се за употреба          
  • 1 излупена банана
  • 3 супени лажици шеќер во гранула
  • ¼ мала лажичка екстрат од ванила или друго есенцијално масло (по желба)
Измешајте ги состојките заедно со вилушка, но не премногу, смесата да не стане течна. Потребна ни е густината од бананата за да можеме да направиме добар пилинг на телото. Доколку сакате да направите и пилинг на лице , тогаш избегнете го шеќерот , измешајте ја бананата со некое есенцијално масло(по желба) и направете пилинг на лице. Измијте со млака вода.

2. Рузмарин, сол и лимон

3153134992_a8fcbcd3ce_o.jpg.650x0_q70_crop-smart Најнапред ставете ги во еден сад солта, кората од лимон, рузмаринот а потоа додадете го маслиновото масло. Убаво измешајте и пилонгот е спремен за употреба !        
  • 3 супени лажици морска сол
  • 4 супени лажици маслиново масло
  • 1 мала лажичка ситно изрендана кора од лимон
  • 1 мала лажичка ситно исецкан свеж рузмарин
Можете и да направите поголема количина од овој пилинг за тело, доколку го чувате во добро затворен сад и на собна температура ќе можете да го употребувате и до 6 месеци.

3. Супер лесен пилинг од шеќер

7204947906_9c7ca05c6a_z.jpg.650x0_q70_crop-smartНеверојатно брз и лесен пилинг кој можете да го направите во било кое време и на било кое место            
  • 4 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 5 капки од омиленото есенцијално масло
Со овој пилинг за тело најдобро ќе ги освежите крутите делови на кожата како стапалата, колената и лактите.
    .

Остави коментар