45 животни лекции

0
Реџина Берет е авторка на повеќе бестселери, овие лексии се дел од нејзините книги. a-book-a-week-image
  1. Животот не е фер, но сепак сеуште е убав .
  2. Кога се двоумите, само преминете на следниот мал чекор.
  3. Животот е премногу краток за да трошите време во омраза.
  4. Не се сфаќајте се себеси премногу сериозно.
  5. Плаќајте ги кредитните картички навреме.
  6. Не мора да победувате секогаш во дискусиите. Сложете се да не се сложувате.
  7. Плачете со некого.Тоа повеќе исцелува отколку кога плачете сами.
  8. Штедете, почнувајки веднаш.
  9. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.
  10. Склучете мир со минатото за да не ја зафркнете сегашноста.
  11. Во ред е ако дозволите децата да ве видат додека плачете.
  12. Не го споредувајте вашиот живот со туѓите. Немате идеја која е целта на нивното животно патување.
  13. Ако врската треба да биде тајна, не треба да бидеш во неа.
  14. Не троши повеќе одколку што заработуваш.
  15. Цемејството е највредното нешто што ќе го имате во животот.
  16. Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател пишувајте !
  17. Останете љубопитни.
  18. Кога станува збор за работите кои ги сакаме во животот и сакаме да ги постигнеме. Одговорот НЕ, не се прифаќа како одговор.
  19. Запалете ги новите свеќи, употребете ги убавите чаршави, носете го свилениот долен веш. Не ги чувајте за специјални моменти. Денес е специјален момент.
  20. Секогаш бидете подготвени, обврските не ги оставајте за во последниот момент.
  21. Бидете ексцентрични и сега, не чекајте да остарете за да облечете виолетово.
  22. Најважниот секс орган е мозокот.
  23. Никој не е одговорен за твојата среќа освен ти.
  24. Обликувајте ги сите така наречени катастрофи со овие зборови : "За пет години, дали ова ќе ми значи? "
  25. Прости им на сите се !
  26. Што другите луѓе мислат за тебе не е твоја работа
  27. Времето лечи се. Дај му на времето време.
  28. Колку и да е лоша или добра ситуацијата, ќе се смени.
  29. Твојата работа нема да се погрижи за тебе кога си болна. Твоите пријатели ќе се погрижат. Остани во контакт.
  30. Верувај во чуда.
  31. Се што нема да те убие навистина ќе те направи посилен.
  32. Немој никогаш да се плашиш да бидеш она што навистина си.
  33. Твоите деца добиваат само едно детство. Направи го да биде запомнето.
  34. Излегувај секој ден. Чуда се случуваат насекаде.
  35. Не треба да се плашиме од проблемите, само треба да побараме решение. Се се решава.
  36. Не прави ревизија на животот. Извлечи се што е најдобро.
  37. Ослободи се од се што не е корисно, убаво или не ти создава радост.
  38. Се што е навистина важно на крајот е дека си сакала и си била сакана.
  39. Зависта е трошење време. Веќе имаш се што ти е потребно.
  40. Најдоброто допрва треба да дојде.
  41. Без разлика како се чуствуваш, стани, облечи се и појави се.
  42. Земи длабок воздух, тоа го смирува умот.
  43. Ако не прашаш нема да знаеш.
  44. Некогаш треба да жртвуваш.
  45. Животот не е заврзан со машна, сепак сеуште е подарок..

Остави коментар