5 Совети за успешно доење

0
Мајките кога ќе го донесат на свет своето прво дете се соочуваат со голем стрес и несигурности. Како што поминува времето се тоа систематски се менува, меѓутоа првите месеци се секогаш стресни за родителите. Доењето е можеби и најголемата конекција на мајката и детето,секојдневно обострано уживање, но малку деликатно на почетокот. Мајките често се соочуваат со проблеми кога станува збор за доењето. download Доењето е процес кој се учи.Најпрво учењето на правилната позиција на местење на новороденчето за да има успешен подој, потоа учење на потребите на бебето и слушање на сопствените потреби. За да го одржите потребното ниво на млеко во телото, новороденчето треба да има минимум 8 подои а оптимално од 10 до 12 во текот на 24 часа. Новороденчињата се доста кревки со многу малку енергија, затоа и спијат поголемиот дел од денот. Обично подојот им трае подолго од еден час потоа можат да спијат цврсто неколку часа. Овие долги периоди на спиење се нормални се додека бебето ги задоволува минималниот број на подои во текот на еден ден. Полните пелени се исто така знак дека бебето добро се храни, минимум 4-5 полни (тешки) пелени во текот на 24 часа се индикатор дека бебето добива доволно храна и течност . 1.  Негувајте ја кожата на градите Кожата на градите е тенка и нежна, редовната нега е потребна за да се избегнат некој непријатности при доење како распукнување на кожата околу брадавиците, црвенило и крварење во некои случаи. Препорака од докторите е секојдневна нега со ланолин (масна материја која се добива од овча волна, а се употребува за изработка на козметички производи и на лековити масти) се мачка директно на пределот кој е изложен при доењето. lanolin    2. Како да започнете со подој  Пред да започнете со подој бидете релаксирани и смирени, ако имате бебе кое е нестрпливо пред подој ставете топла облога или масирајте со млак туш околу и на градите за да го забрзате доаѓањето на млаз млеко. Седнете на удобно место без многу дистракции кои ќе ви пречат на и вас и на бебето. Бебето мора правилно да се намести на градата и да создаде вакум за да може добро да повлече и воедно да го потикне процесот на лачење на млеко. 3. Запознавање на новороденчето со начинот на исхрана  Некои бебиња се со изразени инстинкти од самото раѓање, некои пак доста по мрзеливи и поспани. Најважно е на самоиот почеток бебето веднаш да се запознае со начинот на исхрана односно доење поради два фактори : - Колострум (првото мајчино млеко со густа структура и жолтеникава боја богато со многу нутриционистички супстанци, умунолошки активно, кое трае само првите неколку дена од раѓањето на бебето), - Потикнување на млечните жлезди да лачат правилна позиција на главчето при доење и правилен фат на бебето се клучни фактори за успешно понатамошно доење.  4.  Положби на доење Кога бебето е многу мало најдобрата положба за мајката е да седне исправено на столче или да се потпре за да ја задржи исправената позиција на грбот а потоа да стави перница во скутот , најдобро би било од оние специјализирани перници за доење во облик на С , бебето внимателно да го легне на перницата и пред да го стави на града да се осигура дека бебето може слободно да прими воздух од ноздрвите а главата на бебето да биде благо наклонета нанадвор (да не биде притисната до градата) така најлесно ќе може да види дали бебето е добро наместено на градата и доколку бебето случајно се измести од положбата ќе може веднаш да го намести за да продолжи подојот. Како што бебето расте така и позициите се менуваат според потребите на мајката и бебето. need2          5.  Носете ѓердан Кога бебињата ќе наполнат три месеци почнуваат да се дефокусираат додека трае подојот, стануваат љубопитни и често станува тешко да се задржи вниманието на бебето. Додека носите ѓердан ќе му помогнете на бебето да остане фокусирано на хранењето со тоа што ќе го поттикнете да си игра со герданот додека трае подојот. Одберете соодветен ѓердан кој е безбеден за бебето, без остри страници, шарени бои, крупни елементи лесно воочливи и секако направен од цврсти материјали кои тешко се кршат односно кинат. il_570xN.291799828   Ви посакуваме успешно доење !              

Остави коментар