5 совети за Јога почетници

0
Сите знаеме како делува вежбањето Јога на целокупното здравје. Овие работи треба да ги направите пред да одлучите да вежбате Јога. best-yoga-clothes
  1. ОДБЕРЕТЕ ЈА СООДВЕТНАТА ОБЛЕКА ЗА ВЕЖБАЊЕ
Најмалку што сакате да се грижите додека вежбате Јога е дали ќе ви паднат панталоните или не. Носете на себе облека која ви дозволува да се движите без да ве стега или без да ви паѓа. Комфорот е клучот за добро поминат час по Јога. Најдете мека облека која ќе биде истовремено лесна и удобна за носење. На часовите по Јога традиционално се оди бос. Босите стапала не дозволуваат лизгање при правење на вежбите, но доколку се чуствувате дека ви е потребно нешто на стапалата, запомнете дека чорапите не се добар избор. Постојат специјализирани обувки за јога.
health-benefits-of-yoga-1  2. НЕ ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ФЛЕКСИБИЛНОСТА Сигурно на почетокот ќе си помислите дека не сте доволно флексибилни за да вежбате Јога. Верувајте тоа е доволно голема причина да започнете активно да вежбате. Телото со текот на времето поради недоволната активност ја губи својата флексибилност, бидете трпеливи и слушајте си го телото. Не правете нагли потези ниту пак не се форсирајте да направите одредени вежби се додека не се почуствувате дека можете.
  3. ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ЧЕРГА ЗА ЈОГАTea-Tree-Yoga-Mat-small1-1024x683 За почетниците на Јога, чергата е една од по важните работи. Квалитетна јога-черга ќе ви помогне да не се лизгате додека правите вежби, да изградите мускулна сила а со тоа и да превенирате повреди. Пред да се одлучите да купите, консултирајте се со вашиот инструктор.
  Yoga 4. ВНИМАВАЈТЕ НА ДИШЕЊЕТО  Половина од луѓето не го користат целиот капацитет на белите дбробови. Со вежбите за дишење ќе обрнете повеќе вниманите на начинот на кој дишете при правење на вежбите. Слушајте ги советите од инструкторот. Добрата концентрација ќе ви биде од голема помош.  
  images5. ВЕЖБАЈТЕ КОНИНУИРАНО Јогата е дизајнирана да се практикува секојдневно со години, па затоа обидете се да ја интегрирате во вашиот секојдневен живот - 15 минути секој ден е подобро од 90 минути еднаш месечно. Доколку го пропуштите часот по јога, секогаш можете вежбите да ги направите дома. Континуитетот е клучен за успех во совладување на јога техниките.    
 

Остави коментар