5 Тајни како вашиот дом да изгледа како да го уредил дизајнер

0
1. Доколку го декорирате домот "од глава до пети" најнапред потребна ви е палета на бои. Добар старт е да започнете од основна палета на бои за целиот дом па потоа да додавате и други бои кои ќе бидат карактеристични за секоја соба. Имајте на ум дека повеќе од четири различни бои во една просторија можат да предизвикаат хаос .
home-decor-color-palettes-color-palettes-for-home-interior-popular-beach-house-interior-color-palette-photo-600x380  
2. Ниските тавани ви создаваат чуство на клаустрофобија? Погрижете се мебелот што планирате да го ставите во просторијата да биде низок и минималистичен. Со помош на слики или други елементи закачени на ѕидот визуелно креирајте вертикални движења. Закачете огледало со висина на ѕидот, ова е секогаш добар трик.
interior-design-tips-how-to-decorate-with-a-mirror-5
 
 3. Се е во симетријата. Окото на човекот бара симетрија, еднаквост и синхронизација на предметите. Секогаш експериментирајте со боите и дезените но никогаш со симетријата на елементите!
simetry  
4.Ако се одлучивте за неутрални бои погрижете се да ја збогатите просторијата со текстура. Овој пристап ќе ви овозможи комфор и удобност.
mixed-media-impressive-interior-design
5. Имплементирајте го 50/150 правилото за боја. Како функционира? Одберете една боја која сакате да ја имате на ѕидовите. За безбедно да управувате со нијансите на таа боја, на пример доколку сакате еден ѕид да биде по светол од базичната боја тогаш употрбете 50% по светла боја од базичната, во обратен случај-сакате потемен ѕид, употребете 150% потемна боја од базичната. Вака никогаш нема да погрешите.
selena-bedroom-furniture      

Остави коментар