Македонски мобилни апликации за изучување на англиски јазик

0
Одлични вести ! British Council Macedonia лансираше неколку различни бесплатни мобилни апликации за изучување на англискиот јазик. Со помош на овие апликации лесно и брзо можете да ја научите или подобрите англиската граматика,бесплатно да се спремите за интернационално признатиот испит кој ја потврдува вашата подготвеност и владеење на англискиот јазик IELTS. Исто така со новите апликации ќе имате можност и да го вежбате изговорот и фонетиката на јазикот. learnenglishonline_image Отсега со помош на мобилниот телефон ќе имате пристап до материјали професионално селектирани и прилагодени за почетници кои сакаат да го изучат англискиот јазик. Се радуваме и ја поддржуваме оваа иницијатива на British Council Macedonia. 
На овој линк можете да ја најдете содржината и да се информирате дополнително.

Остави коментар