8 Забавни фамилијарни активности 4+ години

0

1.Посадете иднина

Засадете некое растение заедно со вашите деца. Доколку живеете во зграда најдобра опција се цвеќиња или пак некое мало растение кое има и плод (како што се саксиските пиперчиња, или некоја врста на мини домати). Ако располагате со двор, опциите стануваат уште поголеми! Моркови, јагоди, домати, ротквици и се што ќе ви дојде на ум. Уживањето ќе биде заедничко и секако ќе ја зголемите одговорноста на вашите деца ако им дозволите тие да го одгледуваат растението кое сте го посадиле заедно. Наводнувањето, кастрењето(за одредени растенија) и берењето на плодот ќе им овозможи на вашите деца да чувствуваат поголема одговорност и да вложуваат поголем труд во секојдневните активности. posed  

2.Гответе заедно

Активност каде што можете да го вклучите целото семејство, од најмладите до најстарите членови. Прилагодете ги рецептите за да можат и вашите деца да уживаат без да создадете неред. Рецептите со тесто се сигурна опција. Направете леб, пита или пица- превземете рецепт. Со оваа активност ќе ги научите вашите деца да ја ценат домашната работа за која треба да се посвети време и енергија. 1  

3.Нaправете Авто-Портрети

Ви гарантираме смеење до последни сили! Станете професионалци, обезбедете секакви материјали, бои и четки што ќе ги употребувате додека создавате авто-портрети. Децата несомненео ќе уживаат во заедничката забава која ќе им ја приредите. Урамете ги "проектите" во детската соба како фамилијарен портрет. family-portrait-coasters-by-hideous-dreadful-stinky1  

4. Кампувајте заедно

Шатор во вашиот дворот се важи! Раскажувајте приказни, научете ги вашите деца за запалат оган(ако е соодветно за нивната возраст), напијте се топол чај и прочитајте некоја книга заедно. Ако кампувате во природа едуцирајте ги вашите деца за растенијата, животните и организмите со кој што ќе се сретнете во текот на престојот. На овој сајт www.ultimatecampresource.com можете да добиете идеи како да организирате забавно и безбедно кампување за вашето семејство. tips-for-camping-with-kids-0  

5. Измислете песна

Патувате? На вашите деца им е здодевно во сабота наутро? Заеднички измислете текст кои лесно ќе го запомнат сите и музика со ваш аранжман. Разбудете ја креативноста и ослободете ја енергијата.

6. Посетете ги најблиските роднини во еден ден

Радост за сите и малку одмор за вас. Ќе бидете заедно а сепак ќе можете да се релаксирате во пријатната атмосфера додека вашите најблиски интерактивно комуницираат со вашите деца.

7. Организирајте пикник

Не треба да биде ништо спектакуларно за да уживате. Неколку сендвичи, овошје и зелечук е сосема доволно да понесете со вас. Одберете локација во природа адаптирана на климатските услови и на возраста на вашите деца. Спомени се создаваат кога се променува рутината. Вашите деца ќе ги запомнат овие моменти со сигурност! picnic-recipe-636_0  

8. Однесете ги своите деца на хиподром

Едноставно ниту едно дете не би се спротиставило на ваква идеја. Доколку сакате исполнет и забавен ден полн со авантура ова е вистинската опција. horse-riding-13  

Остави коментар